Во своето најново ажурирање, Telegram соопшти дека ќе ги овозможи групните видео повици на сите уреди, вклучувајќи ги таблети и десктоп компјутери. Покрај тоа, додадени се и други нови опции.

Се истакнува дека оние учесници во групните повици, кои пристапуваа до комуникацијата преку звук, се неограничени и дека само првите 30 лица кои ќе му се приклучат на групниот повик, можат да го вклучат видеото. Корисниците можат да остваруваат групни видео повици со притискање на опцијата „Share my video“ во која било активна сесија. Telegram тврдеше дека ќе се зголеми овој лимит, бидејќи гласовната комуникација го опфаќа стримингот игри, настани во живо и многу повеќе.

Овие нови функции, иако секако добредојдени за корисниците на Telegram, исто така и доцнат. Или барем така чувствуваат аналитичарите. Доколку беа воведени во екот на пандемијата, кога луѓето бараа брзи и едноставни опции за сигурни групни повици, Telegram можеше да стане неспоредливо попопуларен.

Меѓутоа, заедно со групните видео повици, Telegram најави и неколку други функции. Корисниците ќе можат да го споделуваат својот екран во текот на видео повикот.

На функцијата на делење на екранот можете да и пристапите така што ќе го притиснете копчето на менито и ќе ја кликнете опцијата за делење на дисплејот, по што следува дозволата на апликацијата. За да го подобри квалитетот на гласот, Telegram воведе и опција за поништување на вревата. Корисниците можат и да го закачат видеото, ако сакаат да останат фокусирани, бидејќи се повеќе корисници му се придружуваат на повикот со видео запис.