Microsoft соопшти дека еден напаѓач успеал да му пристапи на еден од агентите од корисничката служба на компанијата, а потоа ги искористил информациите кои ги добил од него за обид за хакирање на купувачите.

Во соопштението на Microsoft се наведува дека компанијата пронашла одговор на активностите на хакерскиот тим и утврдила дека истите луѓе се одговорни и за претходните големи упади во системите на компаниите Solar Vinds и Microsoft, пренесува Ројтерс.

Од Microsoft потврдија дека ги предупредиле своите клиенти кои се нашле на ударот на хакерите, а во текстот на предупредување во кој Ројтерс имаше увид, се наведува дека нападот во текот на втората половина на мај го извела групата, која компанијата ја нарекува Нобелиум.

„Софистицираната група која Microsoft ја идентификуваше како Нобелиум им пристапи на инструментите на Microsoft за корисничка поддршка, за да дојде до информации за претплатите на Microsoft сервисот”, се наведува во соопштението.

Американската влада претходно јавно ја обвини руската влада за хакерските напади, но Москва тоа го негираше.