Два извора, кои досега се покажаа прилично доверливи и прецизни кога се работи за предвидувањата за новите производи на компанијата Apple, укажуваат на слична работа – дека Apple подготвува нов high-end MacBook Air лаптоп.

Новиот компјутер би требало да има два USB-C порта и помоќен Apple чип (M1X), кој најверојатно ќе биде наследник на M1 чипот. Тој би имал ист број на јадра, но тие ќе бидат побрзи. Се очекува и зголемување на бројот на графички јадра, на девет или десет. Овој компјутер би требало да биде позициониран над актуелните MacBook Air модели со M1 чип, но под MacBook Pro компјутерите.

Се споменува и дека лаптопот ќе биде достапен во повеќе бои, дека ќе има поголеми функциски копчиња, помал тракпад и редизајнирани ногарски на долниот дел на куќиштето. Исто така, се очекува дека компјутерот ќе биде значително потенок од претходникот, дека ќе има mini-LED дисплеј и MagSafe порт за полнење. Новиот MacBook Air би можел да биде лансиран најрано во текот на втората половина на годината, иако е пореално дека тоа ќе се случи на почетокот на 2022. година.