Екипажот на првата приватна мисија се врати од Меѓународната вселенска станица откако астронаутите во капсула слетаа на море во близина на брегот на Флорида.

Враќањето на екипажот на мисијата Ax-1 го означи крајот на 15-дневниот престој на ISS, а билетите за патувањето на четворицата астронаути чинат по 55 милиони долари.

Оваа мисија беше прва со екипаж за Axiom Space, приватна компанија која планира да гради комерцијални вселенски станици во иднина. Axiom потпиша договор со SpaceX да испрати четиричлен екипаж на ISS, а астронаутите беа сместени во капсула Crew Dragon.

Екипажот првично требаше да остане на ISS само осум дена, но престојот беше продолжен и беа направени 25 експерименти. Враќањето на Земјата беше одложено поради лошите временски услови околу Флорида и локацијата каде капсулата слета. Поради тоа, екипажот на ISS остана 15 дена.

Екипажот се состоеше од американскиот инвеститор во недвижности Лери Конор како пилот, канадскиот инвеститор Марк Пати, поранешниот пилот на израелските воздухопловни сили Ејтан Стибс, како и поранешниот астронаут и командант на мисијата на НАСА, Мајкл Лопез-Алегрија, кој сега е потпретседател на Axioma.