Qualcomm планира да создаде нов Snapdragon 888 чипсет, без 5G конекција. Тоа ќе биде нова платформа, со ознака на модел SM8450 (актуелниот 888 има ознака SM8350).
Чипсетот ќе им биде наменет на производителите кои преферираат да ги продаваат своите производи на пазарите каде што 5G мрежата сè уште не е развиена, но и на компанијата Huawei, на која не и е дозволено да користи 5G технологии од американски компании.
Според некои дојавувачи, Huawei P50 серијата, која се очекува кон крајот на јули, ќе го користи токму овој нов Qualcomm Snapdragon 888 чипсет со 4G мрежата.
Претходно дознавме дека Huawei ќе ја претстави својата P50 серија на 29 јули, а ќе користу голем 1/1,18-инчен сензор за ултра широкоаголната камера, додека главната камера на P50 Pro и Pro+ моделите ќе има 1-инчен Sony IMX800 сензор.