Производителите на мобилни телефони секогаш имаат барем еден скриен адут кога доаѓа време за претставување на премиум уред.

Xiaomi, Huawei и уште редица други знаат со што да ги изненадат своите клиенти, но кога ќе дојде време за LG, тие знаат што да обезбедат и тоа за луѓето од светот на музиката.

Специјалната верзија на LG V35 ThinQ ќе биде достапна со керамичка позадина и ќе има само 300 примероци од него. Ако треба да бидеме поспецифични, тој ќе биде со керамичка позадина со цирконија – познат материјал за луксузни часовници и т.н. Се очекува да има 256 GB простор и околу 6 GB RAM меморија. Подгответе се за Qualcomm Snapdragon 845 и две 16-мегапикселни камери, како и 8-мегапикселна камера за селфи.

Работата на телефонот ќе биде гарантирана со батерија од 3.000 mAh. Исто така, купувачите ќе добијат и безжични слушалки Bang & Olufsen Beoplay H9i. Овие се уште се најскапите слушалки во портфолиото на компанијата и нивната индивидуална продажна цена е околу 500 долари.

Може исто така да се плати за одржување што секогаш ќе биде достапно ако нешто со телефонот има проблем. За доплата, исто така може да се добие луксузен „backpacking“, доколку сака купувачот.

Сепак, смартфонот останува само за Јужна Кореја, па треба да размислите дали го сакате овој „скапоцен камен“ – летовите во Јужна Кореја се скапи.