Екраните со висока стапка на освежување се денес во мода, а поголем дел од производителите на смартфони одлучија во годинашните флегшип модели да сместат дисплеи од 90 Hz, 120 Hz, па дури и 144 Hz. Дури и Motorola оваа година скокна во овој воз со паметните телефони Edge, Edge+ и Moto G 5G Plus од 90Hz. Се чини дека Motorola сега создава уште еден уред со висока стапка на освежување, но компанијата тестира необичен режим на брзина на освежување од 105Hz. Генерално, брзината на освежување на екранот, се подесува на повеќекратник од 30 или 24Hz, за да се намалува прекинувањето на приказот при гледање на поголем дел од видеата.

Сега имаме цврсти докази дека овој претстоен флегшип модел има максимална брзина на освежување од 105Hz, но нема податоци за тоа дали Motorola навистина ќе испорача телефон во оваа конфигурација. Со оглед на тоа дека 105Hz не се дели рамномерно на 24 или 30, можно е дека Motorola ја тестира оваа брзина само во текот на развојот и дека ограничувањето на освежувањето ќе биде 90Hz кога телефонот ќе биде лансиран.

Нешто слично видобме кога ASUS го лансираше ROG Phone 3 со својот 144Hz екран, за на крајот да дознаеме дека компанијата тестирала режим на освежување од 160Hz пред лансирањето. Motorola би можела едноставно да ја прилагоди брзината на освежување на дисплејот, кога на екранот ќе се појави видео, за да избегне микро прекини, но во спротивно би овозможила поголема брзина на освежување од 105Hz, кога се движите низ корисничкиот интерфејс или апликациите.