LG во рамките на својата Ultra Gear линија гејминг монитори, LG го претстави 27-инчниот WQHD гејминг LCD модел, кој користи Nano IPS панел. Покрај високата брзина на освежување од 165Hz, мониторот поддржува и одзив од 1ms.

Поддржаните технологии за синхронизација на дисплејот ги вклучуваат AMD FreeSync Premium и NVIDIA G-Sync. Покрај тоа, присутен е и „FPS counter“ што го прикажува фрејмрејтот, „DAS mode“ што го минимизира заостанувањето, “Black stabilizer” што ја подобрува видливоста во темните сцени и многу повеќе.

Останатите спецификации на LG 27GP83B-B  мониторот вклучуваат осветленост од 400 cd/m2, контраст 1000:1, приказ од околу 1,07 милијарди бои, 98% покриеност на DCI-P3 спектарот на бои, агли на гледање од 178 степени хоризонтално и вертикално.

Интерфејсот на мониторот го сочинуваат два HDMI порта, еден DisplayPort и конектор за слушалки. Очекуваната цена на LG 27GP83B-B гејминг мониторот изнесува околу 420 долари.