Апликацијата Twitter наменета на уредите со оперативниот систем iOS сега им овозможува на сите лесно и брзо да делат твитови на своите Stories на Instagram.

Опцијата е достапна со кликнување на иконата за споделување под секој твит, а потоа треба да се избере опцијата Instagram Stories на листата со апликации. Следниот чекор е префрлање на Instagram, каде што твитот може да се намали со репозиционирање и дополнување/украсување со текст, налепници, музика и слично.

Се разбира, секогаш е можно да се направи скриншот од твитовите и рачно да ги прикачите како Instagram Story, но новиот интерфејс значително го олеснува овој процес, а резултатите изгледаат подобро. Се чини дека опцијата најдобро функционира во случај на твитови базирани на текст и на фотографија, во однос на твит што содржи видео.

И додека стана полесно да се делат твитови на Instagram, се уште е тешко да се дели содржината од Instagram на Twitter. Обидот за објавување линк од Instagram, на Twitter и натаму се прикажува како URL без preview таб. Функционалноста исчезна уште во 2012. година и нема назнаки за нејзино скоро враќање.

Официјалната интеграција на Twitter со Instagram stories доаѓа откако слична функција беше додадена на Snapchat и тоа само за корисниците на iOS, a кога ќе биде достапна за Android, не е познато.