Приватноста и безбедноста стануваат сè поважни приоритети за Google кога станува збор за Play Store.

Компанијата неодамна објави дека ги затвора екстерните апликации за снимање на повици, како и воведувањето на делот „data safety“ во својата продавница. Оваа функција бара од програмерите да обезбедат повеќе информации за тоа кои податоци ги собираат од корисниците и за кои цели.

Сега компанијата објави безбедносна статистика на Play Store за 2021 година. Истакнато е дека Google исклучи и забрани 190.000 злонамерни и спамирани сметки на програмери само во текот на 2021 година. За споредба, во текот на 2020 година тој број изнесува 119.000 налози.

Дополнително, отстранети се 1,2 милиони апликации кои ја прекршиле политиката за приватност и условите за користење на Google Play. Google забележува дека овие потези спречија милијарди потенцијално штетни преземања на апликации.

Компанијата понуди и информации за нејзините напори Play Store да ја направи побезбедно место за корисниците. Конечно, за уредите Pixel, тука е Security hub, кој нуди безбедносен статус за уредот на корисникот, како и дополнителни препораки.