Според наводите, претстојниот оперативен систем Windows 11 на Microsoft би можел да биде понуден како бесплатна надградба на корисниците на постарите верзии на Windows, вклучувајќи ги и Windows 10 и Windows 7 (под услов нивните инсталации да имаат важечки клуч за лиценца). Оние кои имаат Windows 8 и 8.1, исто така, се вклучени во овој процес.
Корисниците на Windows 7 се најпознати по тоа што пружаат отпор кога станува збор за надградба на Windows 10 и многу од нив не сакаа да се префрлат на актуелниот оперативен систем, кога беше понуден бесплатно во 2015 година. Секако, љубителите на Windows 7 ќе имаат се помалку мотиви да се држат до овој систем, откако Microsoft ќе ја заврши официјалната поддршка. Дури и Nvidia ќе престане да нуди драјвери за OS од октомври оваа година.
Постојат различни причини зошто Microsoft може да понуди бесплатна надградба на Windows 11, меѓу кои се и поддршката за постарите верзии на Windows, зголемувањето на бројот на оние што ја користат вградената продавница на Microsoft и многу повеќе.
Повеќе детали секако ќе бидат познати по настанот, кој Microsoft ќе го одржи на 24 јуни и во текот на кој се очекува презентација на новиот Windows оперативен систем.