Poco X3 GT наводно е сертифициран од FCC агенцијата, што укажува дека наскоро ќе биде официјално претставен.

Во прашање е глобална варијанта на моделот Redmi Note 10 Pro, кој е достапен само во Кина, а ги има  истите спецификации како споменатиот телефон.

Спецификациите вклучуваат 6,6-инчен IPS LCD екран со брзина на освежување од 120Hz, MediaTek Dimensity 1100 5G чипсет, 6 GB / 8 GB RAM меморија, 5000mAh батерија со поддршка за 67W полнење и главна камера од 64MP од задната страна.

Poco X3 GT се очекува да има цена од околу 300 евра кога ќе се појави.