Компанијата Seagate објави нови хард дискови со значително зголемен капацитет.

Потребни беа повеќе од три години, по објавувањето на првите хард дискови од 20 TB, за Seagate да го објави својот најголем хард диск до сега – Exos Mosaic 3+ од 30 TB.

Компанијата истакнува дека Exos Mosaic 3+ од 30 TB ќе може да складира повеќе од 1000 Blu-ray филмови.

Она што е веројатно најинтересно, новите хард дискови нема да бидат резервирани само за деловни корисници и компании, туку ќе можат да ги купат и стандардните корисници.

За да ги изгради дисковите Exos Mosaic 3+ од 30 TB, Seagate користеше десет плочи од 3 TB со густина од 1,742 TB на квадратен инч.

Компанијата има планови да создаде дискови со поголем капацитет.

Компанијата не ја објави цената на овие хард дискови од 20 TB, но посочува дека ќе имаат пониска цена за терабајт во однос на постоечките модели.