Microsoft неодамна почна да ja навестува следната генерација на Windows, а врз основа на претходните изјави на компанијата, се очекуваше дека ова ќе биде уште една верзија на Windowsс 10. Меѓутоа, има сè поголем доказ дека ќе видиме комплетна, нова верзија на оперативниот систем, кој би можел да го носи името Windows 11.
Најновиот знак кој укажува на ваквиот развој на настануте, пристигнува со страницата на Microsoft за поддршка, која покажува дека поддршката за Windows 10 Home и Pro завршува за четири години.
Microsoft прв пат ја спомена следната генерација на Windows кон крајот на мај, во текот на Build 2021 конференцијата, а потоа подоцна го објави датумот на најава на следната генерација на својот оперативен систем. Компанијата потоа објави видео тизер за сите звуци за стартување на Windows со текот на годините, потоа и фотографија на позадината за логото на Windows, кое исто така го навестува Windows 11.
Microsoft страницата за Windows поддршка сега е ажурирана и открива дека поддршката за Windows 10 Home и Windows 10 Pro ќе заврши на 14. октомври, 2025. година. По ова се очекуваат само сигусносни закрпи, со висок приоритет.
Се очекува дека Microsoft ќе ја најави следната генерација на Windows во текот настанот што ќе се одржи на 24. јуни.