Viber по последното ажурирање на сите им нуди избор на квалитетот на сликите при испраќањето.

Веќе пишувавме дека Viber кон крајот на септември доби масивно унапредување, а една од новите опции беше и квалитетот на фотографиите, кои се разменуваат преку оваа апликација.

Конечнмо повеќе не сме ограничени на големина на фотографијата до 250 KB, па сега имаме опција на употреба до квалитет од 650 KB. Ова, иако далеку од идеално е значајно унапредување и ќе овозможи подобар квалитет на разменетите фотографии од корисник до корисник. Опцијата е овозможена во апликацијата Viber v11.6.3, достапна од 5. октомври.

Како што истакнавме, по ажурирањето оваа опција би требало да ја имаат сите и тоа во: Подесувања > Медиум и складирање > Квалитет на фотографија > Изберете квалитет на фотографијата која ја испраќате > Одлично (~650 KB). Покрај оваа опција на располагање ви е и форматот Компримиран (~180 KB), кој е најштедлив во однос на големината на сликата и досегашниот Добар (~250 KB).

За двата корисника да имаат одличен квалитет на сликата, потребно е и двата да ја изберат опцијата Одлично во подесувањето на квалитетот на фотографиите.