За прв пат по повеќе од 20 години, љубителите на Формула 1 добиваат нова игра во manager стил.

Формула 1 објави дека ќе ја лансира со нетрпение очекуваната игра F1 Manager 2022 на 30 август, а објавен е и нов gameplay трејлер што прикажува различни аспекти од претстојната игра.

Играта е развиена од студиото Frontier Developments, кое е познато по својата работа на серијата Elite Dangerous. F1 Manager 2022 играчите ги става во улога на директор на тимот, а наместо да вози Ф1 болид, играчот ќе го надгледува целиот тим. Тој не само што ќе ги избира компонентите за болидите, туку ќе ги води возачите кои ќе ги возат до победа.

Со оглед на учеството на Формула 1, играта ги содржи сите 22 патеки и вистински возачи од шампионатите во Ф1, Ф2 и Ф3. Исто така, коментатори се водителот на Sky Sports Дејвид Крофт и поранешниот Ф1 возач Карун Чандхок.

Нарачките се веќе прифатени, а играта ќе биде достапна за PlayStation, Xbox и PC преку Steam и Epic Games Store. Оние кои ќе изберат да нарачаат однапред, ќе добијат ран пристап до играта на 25 август.