Amazon го претстави AZ1 Neural Edge процесорот, кој ќе ја забрза способноста на гласовниот асистент Alexa да одговори на гласовните команди. Забрзувањето се мери со стотина милисекунди по одговор, што ќе обезбеди помоќен тек на конверзацијата. Компанијата го разви овој чип во соработка со MediaTek.

AZ1 процесорот е вграден во новите Echo паметни звучници, Echo Dot и Echo Dot со часовник, Echo Dot Kids Edition, како и Echo Show 10 паметниот дисплеј. Во следниот период и другите производи од Echo линијата ќе го добијат AZ1 процесорот.

Постоечките Amazon производи кои немаат АZ1 процесор, го испраќаат аудиото и комплетната интеракција во cloud, каде се процесира и испраќа назад. Единствено Echo и Echo Show 10 се во состојба да го обработуваат аудиото на самиот уред, така што имплементацијата на новиот процесор во нив ќе го забрза тој процес. Компанијата најави дека бенефитите на побрза обработка најпрвин ќе бидат видливи на англиски јазик, а дека со време ќе биде додавана и поддршка за другите јазици.

Инаку, Amazon не тврди дека echo уредите ќе можат да се користат во офлајн мод, но фактот дека повеќе податоци ќе обработуваат локално отколку во облак, ќе обезбеди подобро корисничко искуство.