AMD откри дека Exynos чиповите ќе имаат RDNA 2 графичка технологија која би требало да донесе значајна надградба на идните флегшип модели.
Samsung и AMD работат заедно на GPU од 2019 година, а на ИТ конференцијата Computex, која се одржува секоја година во Тајван, добивме уште една голема објава за партнерство. Мобилниот графички процесор од следната генерација на јужнокорејскиот гигант ќе ги поддржува напредните графички опции Ray Tracing и „variable rate shading“.
„Следното место на кое ќе може да се најде RDNA 2 ќе биде пазарот за мобилни телефони со високи перформанси“, изјави на сцената на Computex, Извршната директорка на AMD, Лиза Су. „AMD веќе неколку години работи со Samsung за да ги забрза графичките иновации на пазарот на мобилните уреди. Задоволни сме да најавиме дека на идниот мобилен чипсет на Samsung ќе го донесеме прилагодениот графички IP со Ray Tracing можности и variable rate shading. Samsung ќе обезбеди повеќе детали подоцна оваа година“.
Најновиот чип на корејската компанија Exynos 2100 е веќе достапен на Galaxy S21 телефоните. Претставен во јануари, процесорот содржи Mali-G78 дизајниран за ARM, за кој Samsung вели дека може да испорача 40 проценти подобри графички перформанси од својот претходник, Exynos 990. Мобилниот графички процесор кој Samsung го развива со AMD може да биде наследник на Exynos 2100. Тоа можеби би можело да укаже на деби во 2022 година, во вид на наследник на Galaxy S21.
Поврзани артикли