Откако минатата недела ја навести следната генерација на Windows во текот на Build конференцијата, Microsoft сега објави дека на 24 јуни ќе ја претстави новата верзија на својот оперативен систем. Компанијата започна да испраќа покани до медиумите, а најавено е дека презентацијата ќе ја водат Извршниот директор Сатја Надела и менаџерот за производи Панос Панај.

Најавата за овој настан доаѓа откако Microsoft објави дека ќе престане со развојот на Windows 10X платформата – оперативен систем што е планиран за уреди со два екрани. Сепак, компанијата планира да имплементира и некои функции на Windows 10X во Windows 10.

Останува да се види во која насока ќе оди Microsoft со развојот на својот оперативен систем по Windows 10. Оваа верзија на платформата беше објавена во 2015 година и беше бесплатна во текот на првата година, што им овозможи на корисниците полесно да се префрлат од Windows 7 и 8 верзии на новиот систем

Microsoft сигурно би можел да посвети поголемо внимание на Windows поддршката за ARM уредите, посебно откако Apple успешно ги префрли своите компјутери на М1 чиповите, засновани на ARM.

Microsoft ја најави „следната генерација“ на Windows