Компанијата Caviar е познатa по својот луксуз, а неjзините верзии на мобилни телефони содржат скапи материјали поради кои цената расте до небо. Сега пристигна интересен модел кој ќе биде произведен во 99 примероци.

Ова е нов член на колекцијата Visionaries, кој го носи името Caviar iPhone 13 Pro (Max) Tesla Electro. Инспириран е од визионерот Елон Маск, директор на Tesla и SpaceX, а посебен е затоа што во неговото производство, односно модификација е користен материјалот создаден со топење на електричниот автомобил на Tesla Model 3.

Рамката на мобилниот телефон е изработена од титаниум и е обложена со црн PVD слој. Ова е во контраст со белиот композитен материјал отпорен на удари, како и со алуминиумскиот панел произведен од каросеријата на автомобилот. На алуминиумскиот панел е изгравирано лицето на Маск, логото на Tesla и самиот автомобил. На површината има и бакарна влошка, која ги претставува електричните мотори.

Caviar ќе произведе 99 примероци од мобилниот телефон, од кои секоја ќе чини 6.760 долари.

Компанијата продава и позлатена биста од Маск поставена на мермерна основа, а ќе произведе 27 парчиња по цена од 3.220 долари.