Аналитичарот Даниел Ајвс прогнозираше неколку детали за претстојната iPhone 13 генерација смартфони. Во презентацијата се споменуваат опции за простор за складирање, но и некои детали за Lidar системот .

Според аналитичарите, сите iPhone 13 модели ќе имаат LiDAR сензор на задната страна, а тоа важи и за моделите кои не ја содржат Pro ознаката во името.

Претходните гласини за простор за складирање од 1TB сега се дополнително поддржани, но се истакнува дека овој капацитет за складирање  податоци ќе биде резервиран само за Pro моделите од следната iPhone линија.

Apple планира поширока имплементација на LiDAR сензорите во своите уреди, што укажува или на развој во овој сегмент на пазарот, или компанијата планира да објави повеќе нови функции од iPhone 13 моделите.