Иако оваа опција е сè уште во фаза на тестирање, а на членовите на групата за Бета тестирање би требало да им стане достапна во наредните недели, „обичните“ корисници ќе мора да бидат малку повеќе трпеливи.

Кога WhatsApp ја воведе опцијата за пораки кои исчезнуваат по одредено време, многу корисници ја искористија оваа можност да испратат некои чувствителни информации во кореспонденција со контактите. Без разлика дали се работи за фотографија, адреса или број на банкарска сметка.

Но, што ако некој ви испрати такви информации што сепак би сакале да ги чувате за подоцна? Токму за ова размислуваат во моментов во WhatsApp и работат на опција која би им овозможила на корисниците да зачувуваат и такви пораки.

WABetaInfo откри дека моментално се тестира опција која ќе овозможи складирање на такви чувствителни пораки во посебно сандаче. Според сликите од екранот што беа објавени, сандачето ќе се вика „Kept Messages“, а наводно ќе биде достапно во разговори еден на еден, но и во групни.

Иако оваа опција е сè уште во фаза на тестирање, а за членовите на тимот за Бета тестирање би требало да им стане достапна во наредните недели, „обичните“ корисници ќе мора да бидат малку повеќе трпеливи. Се разбира, под услов WhatsApp навистина да одлучи да им дозволи на корисниците да зачувуваат такви чувствителни пораки за подоцна.