Intel го најави својот прв 5G производ, кој пристигнува во рамките на партнерството со компанијата MediaTek. Intel 5G Solution 5000 е M.2 5G систем за лаптопи, кој на производителите им овозможува лесно да имплементираат 5G дизајни, користејќи стандардизиран интерфејс.

Intel 5G Solution 5000 пристигнува со поддршка за sub-6GHz 5G, но нема mmWave поддршка. Покрај тоа, модемот може да се поврзува на 4G LTE и 3G WCDMA. Производот е сертификуван од провајдерите и операторите во поголем дел од регионите во светот, а поддржан е и од Windows, Chrome OS и Linux платформите. За производството, продажбата и дистрибуцијата на 5G M.2 модулот е задолжен Fibocom.

Првите дизајни со Intel 5G Solution 5000 модемот ќе бидат достапни во текот на оваа година, од производителите како што се Acer, Asus и HP, кои меѓу првите ќе го користат новиот модем. Следната година се очекуваат над 30 дизајни, кои ќе го користат новото решение.