Компанијата TSMC, според наводите, почнува со масовно производство на Apple A15 чипот, кој ќе ја покренува iPhone 13 серијата телефони.

Почетокот на производството навреме ќе му овозможи на Apple следната линија на iPhone да ја објави во септември, и покрај недостигот на чипови, кои ќе ја покренуваат iPhone 13 серијата телефони.

Digitimes сугерира дека побарувачката за A15 чипови ќе ја надмине онаа која постоеше за A14. А15 ќе го користи истиот 5nm нод како и А14, а гласините сугерираат дека Apple ќе премине на 4nm чипови во 2022. година.

Се очекува дека iPhone 13 ќе ја задржи истата формула за големини на телефоните како кај iPhone 12 линијата, 5,4-инчен Mini, 6,1-инчните iPhone 13 и 13 Pro, како и 6.7-инчнот iPhone 13 Pro Max. Pro моделите ќе имаат прилагодлива стапка на освежување на екранот од 120Hz.

Покрај наведеното, комплетната iPhone 13 линија телефони ќе добие подобрувања во сегментот на камерите.