Новиот модел на Google се очекува да понуди 6 инчен Quad HD OLED дисплеј и осум-јадрен Snapdragon 835 процесор

Google за својот следен премиум смартфон Pixel XL 2 планира слични функции како кај HTC 11 U со рамка околу екранот која е осетлива на допир и со притискање и примена на различни степени на притисок се активираат различни команди.

Pixel XL 2 ќе биде изработен од страна на LG за потребите на Google и се очекува да понуди 6 инчен Quad HD OLED дисплеј, осум-јадрен Snapdragon 835 процесор, метално тело и двојна камера.

Според најавите на Android Police, кои се заслужни за овие рендери, AMOLED дисплејот ќе има сооднос од 2:1 (18:9) и ќе има големина од 6 инчи, што е во рамките на останатите модели од класата. Дизајнот на задниот дел е сличен на оној на актуелните модели, но со многу помал стаклен дел. Позади е ставена и една камера – најавите се дека Google нема да вградува двојна камера во своите смартфони и оваа година.

Pixel XL 2 најверојатно ќе ја има и функцијата Always-on display, која ќе овозможи на екранот на телефонот да се покажува корисна информација дури и кога уредот е заклучен. Сличен додаток веќе е присутен во предводниците модели на LG, а освен тоа неодамна се појавија индикации дека Google работи на додавање на поддршка за неа во Android O.

Се очекува Google да додаде и дополнителни можности како на пример запирање на звукот при дојдовни повици. Компанијата ќе обезбеди и повеќе опции за персонализација на прикажувањето на боите на екранот. Така на пример профилот sRGB ќе биде преместен од опциите за програмери во поставките на екранот, а освен него ќе биде предложен и режим Vivid Colors.

Меѓу другите очекувани промени влегуваат потемен спектар на бои на интерфејсот, нов системски фонт и ново „easter egg“ изненадување, кое покажува октопод во океан и нема врска со уште непознатото име на Android O.