Елон Маск потврди дека Tesla наскоро ќе започне со продажба на своите автомобили и во Русија

Американската марка требаше да започне со работа во Русија во 2016 година, но тоа не се случи. Сепак, Елон Маск, говорејќи на руската онлајн конференција New Knowledge, објави дека Tesla официјално ќе влезе на рускиот пазар, но не прецизираше кога тоа ќе се случи.

Маск потврди дека после тоа, оваа марка ќе започне со испорака на возила во другите соседни земји, како што е Казахстан, и дека се заинтересирани за понатамошно проширување на нивната продажна мрежа. Милијардерот рече дека Tesla, меѓу другите земји, ја разгледува i Русија како локација за производство на своите автомобили, односно за нова фабрика.

Американскиот бренд во моментов гради две фабрики – една во Германија, каде што треба да се произведуваат Model 3 и Model Y за европските клиенти, додека во сојузната држава Тексас во САД, се гради друга фабрика, од каде ќе дојде и Cybertruck.

Се разбира, веќе има автомобили на Tesla во Русија. Тие се увезени во таа земја од странство, најчесто од Европа или САД. Според официјалните податоци, во Русија биле индексирани 221 нови Tesla модели во текот на претходната година. Од тоа, повеќе од половина паѓа на најпопуларното возило произведено од Tesla – Model 3 со 110 регистрации.