Благодарение на своите Z Fold и Z Flip линии, Samsung е лидер кога станува збор за пазарот на телефони со флексибилен екран. Новиот извештај од Јужна Кореја сугерира дека Samsung планира годинава да испорача меѓу шест и седум милиони нови Galaxy Z Fold3 и Z Flip3 модели.

Извештајот споменува дека само Z Fold3 се очекува да биде испорачан во околу три милиони примероци, додека за Z Flip3 се очекува да биде продаден во околу четири милиони примероци. Објавата на двата телефона се очекува во текот на јули, што им остава околу пет месеци да ја реализираат предвидената продажба.

За споредба, Samsung успеа во текот на претходната година да забележи испорака од 2,5 милиони телефони со флексбилен екран, додека првобитните прогнози сугерираа продажба од околу пет милиони уреди. Тоа значи дека прогнозите на аналитичарите на пазарот и Кореја потребно е да се земат со резерва и останува да се види во кој правец ќе се развива пазарот на флексибилни уреди до крајот на годината.