Уреди за ограничување на брзината од 2022 година може да станат дел од задолжителната опрема за автомобилите што се продаваат во Европската унија. Земјите-членки постигнаа начелен договор за новите правила.

Активистите за безбедност во сообраќајот велат дека новите правила би можеле да спасат илјадници животи. ЕУ тежнее до крајот на 20150 година да нема ниту еден смртен случај на патиштата.

Британската агенција за издавање сертификати за возила претходно објави дека оваа земја ќе ги усогласува стандардите за автомобили со ЕУ и по Брегзит.

Меѓу мерките за безбедност одобрени од Европската комисија се интелигентни системи за контрола на брзината, итно запирање и за одржување правец во лентата.

ЕУ се надева дека со новите правила ќе можат да го намали бројот на смртни случаи на нула до 2050 година.

„Секоја година 25.000 луѓе ги губат животите на нашите патишта. Најголемиот дел од овие несреќи се предизвикани од човечка грешка“, изјави еврокомесарката Елизабета Биенковска.

„Со новиот напреден безбедносен систем кој ќе стане задолжителен, можеме да направиме промена, како што беше направено со воведување на сигурносни појаси“, појаснува таа.

На српските патишта, животот годишно го губат околу 600 луѓе годишно, со 20.000 повредени, покажуваат податоците од српскиот Комитет за безбедност во сообраќајот.

Европскиот парламент и Европскиот совет може да ги одобрат новите мерки во рок од неколку месеци.

„Овој систем ќе ја ограничи моќноста на моторот кога тоа ќе биде неопходно за да ги спречи возачите да возат побрзо од ограничувањата. Возачите ќе можат да ја преземат контролата или привремено да го исклучат системот”, објасни Европскиот совет за безбедност во сообраќајот, независно тело на ЕУ со советодавна улога.

Статистика во Велика Британија покажува дека повеќе од 1.700 луѓе умираат на британски патишта секоја година, додека истражувањата покажуваат дека големата брзина придонесува во несреќните случаи во една четвртина од сите фатални судири.

Економскиот дописник на BBC, Тео Легет, вели дека постојат сомневања дали денешната технологија е доволно напредна за таков систем.

„Оваа мерка ќе биде најважниот чекор кон безбедноста во сообраќајот во овој век“, изјави Џошуа Харис од британската организација „Брејк“ (Brake), која се занимава со безбедност во сообраќајот.

Нема паметни телефони

ЕУ, исто така, одобри воведување дополнителни мерки за автомобили, комбиња, камиони и автобуси, кои вклучуваат систем кој ги предупредува возачите ако се поспани, како и кога се користат паметни телефони додека возите.

Новите мерки исто така вклучуваат промени кои им овозможуваат на возачите на автобуси и камиони да обезбедат поголема видливост во сообраќајот, како и спарување со мртвите агли.