Според пишувањето на добро известените извори на Bloomberg, Apple за новата MacBook Pro серија компјутери планира два нови процесора под кодното име Jade C. Двата модела ќе ги покренуваат 8 брзи и две побавни, енергетски поефикасни јадра, кои ќе бидат комбинирани со 16 или 32-јадрен интегриран графички процесор.
Брзите јадра ќе се користат за компјутерски потешките работи, додека штедливите јадра ќе ги извршуваат базните операции како веб-прелистувањето, за да се заштеди на потрошувачката и да се продолжи работниот век на батеријата. Новите процесори за разлика од M1 претходникот ќе имаат и повеќе меморија – 64 GB наместо првобитните 16GB на M1 моделот. Ќе биде унапреден и Neural Engine, делот кој ги процесира алгоритмите на вештачката интелигенција, а ќе бидат додадени уште повеќе Thunderbolt портови за брзо префрлање на податоци и врска со екстерните уреди како големите монитори.
Посебна приказна е новата верзија на Mac Pro десктоп компјутерот за кој се предвидени Jade 2C и Jade 4C процесори. Редизајнираниот Mac Pro треба да се појави во варијанта со 20 и 40 компјутерски јадра и тоа 16, односно 32 брзи јадра во комбинација со 64 и 128-јадрениот графички процесор.
Поврзани артикли