Google сака целосно да се ослободи од лозинките до крајот на 2021 година.

Колку пати сте имале проблеми да запомните лозинка? Колку пати сте ја заборавиле затоа што не сте ја запишале негде? Дали вашите сметки некогаш биле хакирани? Не е толку голем проблем во вас – проблемот е во лозинките, смета Google.

Тие сакаат да го решат најавувањето по пат на лозинка до крајот на годината и да се свртат кон биометриски алтернативи.

Се разбира, сето ова сега постои и можете да го отклучите вашиот телефон со отпечаток од прст, да се најавите на разни мрежи и повеќе, а Google сака да го направи трајно.

Лозинките повеќе нема да постојат и од 2022 година сè ќе оди претежно на отпечатоци, вели извршниот директор на Google, Марк Ричер.

На тој начин, профилите повеќе нема да можат да бидат хакирани и корисниците ќе немаат проблеми со лозинките, пишува Ричер во својот блог.