Според информациите кои пристигнуваат од производителот на овој тип уреди, AR/VR паметните очила на Apple се практично завршени и моментно се во завршна фаза на тестирање (EVT2) за да се осигура дека прототипот на уредот целосно ги исполнува дизајнерските барања и спецификации на Apple. Според истите извори, новиот производ на Apple ќе излезе кон крајот на оваа година.

Иако Apple ги чува во тајност деталните спецификации, целиот проект е веќе во фаза „подгответе се, ајде да полетаме“. Apple долго време работи на развојот на realityOS оперативниот систем за паметни очила, а има траги од програмскиот код на Apple како и референци на AppStore.

За очекување е дека Apple VR очилата ќе имаат едноставен и лесен дизајн, два 4K micro-LED екрани, 15 оптички модули, два главни процесори, Wi-Fi 6E конекција и функција за следење очите. Составен дел од можностите е и AR режимот на работа, односно проширената реалност, како да гледате низ нештата и просторот, со можност за следење на објектите, контролирање на движењето на раката, односно гестикулација и многу повеќе.

Цената сè уште не е позната, но некои извори наведуваат дека ќе чинат околу 3.000 американски долари.