Има се повеќе гласини за iPhone 12 линијата како што се приближуваме до објавата на телефонот, а најновите приистигнуваат од протечен листинг кој сугерира дека стандардниот iPhone 12 ќе пристигне со 64GB простор за складирање. Покрај тоа, ќе постојат и верзии со 128GB и 256GB простор.

Достапниот iPhone 12, според наводите, ќе биде достапен во вкупно шест варијанти на бои, вклучувајќи црна, бела, сина, црвена, жолта и корал.

Премиум iPhone 12 Pro и 12 Pro Max моделите ќе имаат 128/256/512 GB простор за складирање, а ќе бидат достапни во црна, бела и сребрена варијанта.

Се очекува дека Apple својата онлајн презентација ќе одржи на 13. октомври. Првите уреди што ќе се најдат во продажба се 5,4-инчниот iPhone mini, заедно со 6.1-инчниот iPhone 12.