Во светот моментно се активни повеќе од три милијарди уреди кои го користат оперативниот систем Android.

Самир Самат, потпретседател на продукт менаџментот во Google, ја соопшти оваа информација во текот на Google I/O конференцијата, која оваа година се одржува во живо, но онлајн.

Google регистрираше повеќе од 500 милиони активни милиони уреди со Android од последната конференција на програмери во 2019. година, односно милијарда уреди од 2017. година. Бројките се земени од Google Play Store, кој не ги зема во предвид уредите базирани на Android, кои користат алтернативни продавници како Amazon Fire уредите и кинеските уреди со Android, кои избегнуваат да ги користат апликациите на Google. Тоа значи дека бројот на активни уреди со Android е всушност многу поголем во однос на бројката што ја соопшти Самат.

Apple претходно оваа година потврди дека во светот има повеќе од милијарда активни iPhone уреди.

j