Видео-играта Grand Theft Auto V сега официјално подобро се продава од неколку големи франшизи во светот на игрите.

Компанијата Take-Two Interactive потврди дека GTA V и понатаму е гигант кога е во прашање продажбата. Оваа легендарна игра е продадена во повеќе од 160 милиони копии, од објавувањето во 2013 година.

Тоа значи дека само GTA V е продадена во повеќе примероци од целата Resident Evil серија на игри (123 милиони копии) и Assassin’s Creed франшизата (155 милиони)

„Од своето објавување во 2013 година, Grand Theft Auto V остана во топ 5 најпродавани наслови во текот на секоја календарска година во Јужна и Северна Америка, вклучително и САД и повеќе од 50 најголеми глобални пазари“, вели Штраус Зелник- извршен директор на компанијата Take-Two Interactive.

Зелник додава дека GTA Online успеала да го повтори рекордниот број на корисници од 2021 година а зголемени се и микротрансакциите во рамки на играта.

Извор: B92.net