Компанијата Vivo објави дека следната недела (15. јули) ќе ја претстави S10 линијата телефони. Vivo не истакна колку телефони ќе бидат претставени во рамките на S10 серијата, но сигурни ќе го добиеме Pro моделот, за кој се објавени постери на социјалните мрежи во Кина.

Фотографиите откриваат дека Vivo S10 Pro ќе има три камери на задната страна, а главната камера ќе има 108MP сензор. Телефонот има и рамни рамки, додека дисплејот ќе има засек за две селфи камери.

Vivo не објави ништо друго за S10 серијата, но претходните гласини сугерираа дека стандардниот S10 ќе има Dimensity 1100 чип, 108MP камера, поддршка за 44W полнење, UFS 3.1 простор за складирање и две опции на RAM: 8GB (+3GB виртуелна меморија) и 12GB (+4GB виртуелна меморија).

Повеќе детали за Vivo S10 линијата телефони може да се очекува во претстојниот период.