Samsung пред неколку дена објави листа на уреди кои до пролетта следната година ќе добијат надградба на најновиот One UI 5.0. Изненадувачки, Samsung Galaxy S21 FE не се најде на таа листа, но тоа е поправено. Сега доаѓаат добри вести за корисниците на овој телефон.

Samsung Galaxy S21 FE е претставен како наследник на исклучително популарниот телефон Samsung Galaxy S20 FE. Иако не забележа толку голема популарност како неговиот претходник, Galaxy S21 FE сепак привлече солиден број купувачи. Сега тие добиваат добри вести, бидејќи Samsung наскоро ќе започне да го пласира ажурирањето One UI 5.0/Android 13 и на овој телефон.

Според последните информации, Samsung веќе го тестира One UI 5.0 за овој смартфон, а траги од оваа надградба се достапни и на некои сервери на Samsung, па очигледно е дека Samsung заборавил да го стави овој телефон на листата.

Со оглед на политиката на Samsung за надградба на софтверот, овој телефон ќе добие четири големи надградби на Android. За Galaxy S21 FE ова ќе биде прво такво ажурирање, а во иднина ќе добие уште три големи надградби на Android.

Споменатата листа ги вклучува соодветните Galaxy S и Z уреди и тие ќе добијат One UI 5.0 до крајот на оваа година, но има и значителен број уреди од серијата Galaxy A од средната класа на Samsung. Надградбата ќе пристигне на уреди од ниска класа и таблети Samsung Galaxy Tab во првите два месеци од 2023 година.

Потсетуваме дека серијата Samsung Galaxy S22 веќе започна да ја добива надградбата на One UI 5.0, односно Android 13 минатата недела. Ажурирањето се објавува за овие телефони на глобално ниво секој ден.