Гејмерите истакнуваат дека играта која чини 40 долари била полна со багови, неоригинална и бавна.

Играта The Day Before повеќе не постои. Играта, која не успеа спектакуларно, беше исклучена само четири дена по нејзиното лансирање, а развивачот Fntastic сега засекогаш ги исклучи серверите.

Серверите беа исклучени во понеделник, 22 јануари, додека издавачот Mytona ги избриша сите референци за играта од својата страница.

Да потсетиме, играта од 40 долари беше лансирана на 7-ми декември, само за Fntastic ненадејно да објави дека студиото се гаси на 11-ти декември, по што Mytona ги исклучи серверите на 22-ри јануари.

Едуард Готовчев, извршен директор на Fntastic, во декември на социјалните мрежи објави дека The Day Before бил продаден во повеќе од 200.000 примероци.

Во тоа време, насловот имаше 81% негативни критики на платформата Steam, а речиси половина од клиентите бараа рефундирање.

Додека беше активна, играта беше критикувана од гејмерите поради преголемиот број на грешки, недостатокот на оригиналност и навидум намерно бавната игра.