Претставувањето на игрите е закажано за 23 јули. Помеѓу претставените игри ќе биде и Halo Infinite, пишува The Verge.

Пред неколку недели беше објавен и трејлерот за оваа игра. Играчите имаат големи очекувања од Halo.

Со оглед на тоа дека Microsoft објави и тизер за Hellblade во текот на претставувањето на Xbox Series X минатата година, големи се и очекувањата за оваа игра.

Кога станува збор за игрите Forza и Gears, се претпоставува дека ќе бидат прилагодени на хардверот на Xbox Series X.

Освен овие игри, од Microsoft најавија и други изненадувања за корисниците на нивната конзола.

Извор: Klix.ba