Компанијата LG ни дава информации „на лажичка“ за својот премиум Velvet паметен телефон, а овој пат имаме и фотографии, кои ни даваат подобар увид во дизајнот на уредот.

Објавено е ново тизер видео кое го прикажува изгледот на смартфонот, вклучувајќи ги закривените рабови на екранот, Raindrop системот на камери на задната страна и живописните опции на бои, кои ја вклучуваат и „Illusion Sunset“ варијантата. Видео записот ги потврдува и гласините за тоа дека ова всушност би можел да биде телефон од горниот среден сегмент, отколку премиум модел. Velvet ќе има поддршка за 5G, но ќе го користи Snapdragon 765 чипсетот, наместо Snapdragon 865.

Засега нема информации за тоа кога ќе биде достапен LG Velvet, а сигурно дека за уредот повеќе ќе дознаеме во претстојниот период.