Twitter оваа недела воведе поголем преглед на фотографии оваа недела за уредите што ги користат Android и iOS оперативните системи.

Поголемиот преглед на фотографиите има свои граници, па сликите со формат 2:1 и 3:4 сега се прикажуваат во целосна големина, но ако корисникот објави многу голема фотографија, таа сепак ќе биде кропувана.

Twitter ја тестира оваа функција уште од март, но сега полека ги пристигнува до сите корисници.

Овој новитет е присутен само на мобилната верзија, додека фотографиите на веб сè уште се исечени како порано.

Сепак, и тоа ќе биде решено, бидејќи Twitter потврди дека функцијата за поголем преглед на фотографиите наскоро пристигнува и на веб.