Следниот чекор на TikTok во натпреварот со Facebook ќе биде воведување на опцијата за купување преку апликацијата.

Bloomberg пишува дека TikTok ја тестира продажбата во Европа преку својата апликација, откако се здружил со неколку брендови, меѓу кои е и британската компанија Hype, која продава облека.

TikTok претходно правеше потези во оваа насока при интеграцијата со Teespring, партнерство со Shopify, а сега работи на некој вид live video информецијален производ. Овој нов прототип звучи нешто слично на купување на Instagram со одвоен шопинг таб под профилот на брендот, во кој се наоѓа листа на производи со фотографии и цени.

Новиот чекор на TikTok би можел да биде успешен, бидејќи должината на оваа платформа е совршена за огласување, а пасивното гледање кое го промовира овозможува полесна конзумација на содржини. Едно е сигурно, TikTok сака да го материјализира својот статус и да го искористи за свој понатамошен раст.