Глобалната побарувачка за таблет и Chromebook уреди забележа голем раст во текот на првиот квартал од оваа година, според наводите на истражувачката компанија International Data Corporation (IDC).
Таблети уредите остварија раст од 55,2% на годишно ниво (39,9 милиони уреди) кога се во прашање испораките, додека испораката на Chromebook уреди забележа зголемување од дури 357,1 проценти (13 милиони). IDC истакнува дека ваков раст на пазарот на таблет уреди не е забележан од 2013 година.
Кога станува збор за поединечните резултати, Apple продолжува да доминира во категоријата таблет уреди со испорачани 12,7 милиони и удел на пазарот од 31,7 проценти. На второто место е Samsung, со испорачани осум милиони таблет уреди и учество на пазарот од 20 проценти. Следуваат Lenovo, Amazon и Huawei.
Кога се во прашање Chromebook уредите, HP испорача 4,4 милиони уреди и во текот на првото тримесечје имаше пазарно учество од 33,5 проценти. Второто место и припаѓа на компанијата Lenovo, со вкупна испорака од 3,3 милиони Chromebook лаптопи и пазарен удел од 35,6 проценти. Acer се наоѓа на третото место, додека Dell и Samsung се четврти и петти по испорака на уреди.
Поврзани артикли