Microsoft претстави нова верзија на Xbox Series X конзолата која е дизајнирана со тема од популарната игра Halo.

Продажбата на конзолата ќе започне од 15. ноември, а цената ќе биде 549,99 долари. Конзолата има темни метални панели, украси во златна боја и ѕвезден патерн. При вклучување и исклучување, има посебни Halo звуци, а променета е и бојата на горниот дел од вентилаторот во сина.

Гејмерите треба да знаат дека бројот на примероци ќе биде ограничен. Преднарачките веќе се започнати.

Ова е прва Xbox Series X конзола дизајнирана на некоја посебна тема, но Microsoft во минатото нудеше специјални верзии на постарите конзоли. Пример е Xbox One S дизајниран на тема од играта Minecraft.

Што се однесува до контролерот, тоа ќе биде Xbox Elite 2 украсен по примерот на конзолата и ќе содржи зелена боја, која потсетува на Master Chief оклопот. Контролерот има специјален D-Pad, како и куќиште.

Halo Infinite Limited Edition Elite Series 2 контролерот исто така ќе биде достапен од 15. ноември, по цена од 199,99 долари.

Извор: Klix.ba