Главната камера од 64MP на Galaxy A72 и A52 овозможува реален приказ, а тука се и ултра-широката камера прилагодена на човечкото видно поле и телефото-камерата со 3х оптички зум и 30x Space зум, за кристално јасни детали. 

Времето е идеално за долги прошетки и обиколки по планини, градови и бројни знаменитости што ги има нашата земја, а кои можеби не сме ги посетиле досега. Сите оние прекрасни моменти кои се пред нас и активностите што ќе ги доживееме еден ден ќе бидат спомени, а на нас е да се потрудиме тие никогаш да не исчезнат забележувајќи ги со фотографија или видео. За да успееме во тоа, потребна ни е квалитетна камера и дисплеј, издржлива батерија која успешно ќе го следи нашето темпо и соодветна заштита. Решението лежи во најновите уреди од Samsung Galaxy A серијата и нивните иновативни карактеристики:  

Камера која остава без здив

Да се ​​има мобилен уред кој прави квалитетни фотографии без оглед на времето во текот на денот, е сон на секој љубител на фотографијата. Кога на тоа ќе се додаде и реален приказ на живописни детали, малкумина остануваат рамнодушни. Главната камера од 64MP на Galaxy A72 и A52 овозможува реален приказ, а тука се и ултра-широката камера прилагодена на човечкото видно поле и телефото-камерата со 3х оптички зум и 30x Space зум, за кристално јасни детали.  

Зачудувачките селфија, како и висококвалитетните видео-повиците, се овозможени со предната камера од 32MP, со фокус во живо и Bokeh ефектот кој благо ја замаглува позадината, ставајќи го лицето во преден план. 

Врвно визуелно искуство

Како да го зачините одморот на викендичка или пикникот на трева? Веројатно со некој филм, серија или книга. Бидејќи Samsung Galaxy A серијата доаѓа со дисплеи кои се движат од 6,5 до 6,7 инчи, гледањето на содржината на екранот е вистинско уживање. Super AMOLED Infinity-O дисплејот, со светлина од 800 нита, гарантира јасен приказ дури и при јака дневна светлина, додека Eye Comfort Shield функцијата ја намалува количината на сина светлина, заштитувајќи го видот на корисникот.  

Батерија која не откажува 

Samsung Galaxy A серијата е верен сојузник во создавањето спомени со помош на камерата, како и во гледањето видео содржини. Зошто? Токму поради издржливата батерија и функцијата за брзо полнење – двата уреди поддржуваат полнење од 25W. Моќните батерии од 4.500 mAh и 5.000 mAh на Samsung Galaxy A52 и A72, соодветно, овозможуваат постојана достапност на уредот во текот на целиот ден. 

Без страв од истурање и прскање 

Со ознаката IP67, како доказ за отпорност на вода и прашина, Galaxy A52 и A72 можат да издржат потопување во вода во длабочина до еден метар во период до 30 минути. Затоа е во ред да продолжите со забавата и фотографирањето, дури и ако телефонот малку се навлажни. Покрај тоа, Samsung Care+ овозможува непосредна поддршка и гарантирано покривање во неочекувани ситуации, како што се оштетување, расипување, кражба или губење на телефонот, а тука е секако и неизбежниот Samsung Knox, да се грижи за безбедноста на личните информации на корисниците во реално време.