Неодамнешното истражување на iPhone уредите произведени во последните 5 години утврди кој од паметните телефони на Apple е најнедоверлив, да не кажеме – најлош.

Оваа “чест” му припадна на моделот iPhone 6 кој е прогласен за убедливо најлош телефон што го создал Apple.

Двете верзии, iPhone 6 и 6s се најдоа на врвот на листата на најмалку доверливите смартфони на Apple, судејќи според извештајот кој го изврши компанијата Biancoo под името “State of Mobile Device Repair & Security“.

Според податоците до кои дојде оваа компанија за безбедност и бришење на податоците, кај iPhone 6 е забележан висок процент на расипување и престанок со работа – 22 отсто.

Тоа значи дека речиси секој петти корисник на овој телефон морал во некој момент да го носи на поправка или да замени некој дел. Најчестите проблеми се однесуваа на WiFi, Bluetooth и слушалките.

Кога се во прашање Android корисниците, најлошо поминаа сопствениците на Samsung уредите кои се недоверливи во 27,4 проценти од случаите.

Најчесто проблемите со кои се соочуваа сопствениците на Android уредите вклучуваа забавување на работата на уредот, проблеми со камерата, микрофонот и батеријата.