Moto G семејствoто на Motorola доби нов член, а тоа е смартфонот Moto G20.

Се работи за основниот модел кој доаѓа со 6,5-инчен IPS LCD екран со HD+ резолуција, 20:9 формат и фреквенција на освежување од 90Hz. На екранот се наоѓа засек во облик на капка, во кој е сместена селфи камерата.

Уредот го покренува осмојадрен Unisoc T700 процесор со две Cortex-A75 јадра плус шест Cortex-A55 јадра и Mali G52 графички процесор. Исто така, смартфонот доби и 4GB и 64GB интерна меморија проширлива со помош на microSD картичка.

Одзади се наоѓа главната камера од 48MP, како и ултраширока од 8 и макро и сензор за длабочина од по 2MP. Moto G20 го напојува батерија од 5.000 mAh, која поддржува 10W полнење, а го користи Android 11 оперативниот систем соMoto My UX интерфејс.

Смартфонот е достапен во Breeze сина и Flamingo розе боја и во Европа чини 149 евра.