Google Pixel 4 и 4 XL линијата телефони се очекува за нешто повеќе од една недела, а сега се појавија вести кои нема да имсе допаднат на многу фанови на оваа серија смартфони. Покрај тоа што задржуваат 64 GB како основна верзија на просторот за складирање, новите Pixel телефони најверојатно ќе бидат и поскапи.

Според наводите на снабдувачот Еван Блас (@evleaks), почетната цена за Pixel 4 телефоните во канадски долари ќе биде повисока од цената што ја имаше Pixel 3 линијата. Pixel 4 е за 50/70 канадски долари поскап од Pixel 3 (верзии со 64/128 GB простор за складирање), додека Pixel 4 XL ќе чини 70/100 канадски долари повеќе од Pixel 3 XL.

Комплетната листа на цени на Pixel 4 линијата е достапна во овој твит, со напомена дека односот помеѓу вредноста на канадскиот и американскиот долар е 1:0,75.

Секако, ова не значи дека Pixel 4 64GB модел (1050 канадски долари) ќе чини точно 787,5 американски долари, со оглед дека сигурно се очекуваат некои модификации на цените.

Сепак, се очекува дека Pixel 4 линијата ќе има нешто повисока цена во однос на Pixel 3, а ова сигурно ќе се примени на глобалните варијанти на телефоните.