KEY2 на BlackBerry е најновиот смартфон со Android фокусиран на бизнис, а компанијата на YouTube објави најавно видео.

Видеото открива дека KEY2 има две задни камери со LED блиц, физичка тастатура, апликации за допишување и друго. KEY2 е наследник на смартфонот KeyOne, кој претставуваше храбар потег на BlackBerry, но не беше најдобар во улога на секојдневен уред, туку претставуваше смартфон за носталгичари со одредени продуктивни можности.

KeyOne минатата година беше продаден во 850.000 примероци, а челниците на BlackBerry, барем така се чинеше, беа задоволни.

Смартфонот KEY2 ќе биде претставен во јавноста на конференцијата за медиуми на 7. јуни во Њујорк.