Според најновите податоци, новиот предводник на Huawei нема да се вика P11, како што претходно беше најавено, туку P20, и ќе се појави на пазарот во три верзии одеднаш. Покрај конвенционалната верзија P20 ќе се појават и верзиите P20 Plus со поголема дијагонала на екранот и P20 Pro. На интернет деновиве се појавија и шематски слики од сите три модели. Тие ќе добијат широк екран со тенки рамки и тројни камери.

Вообичаениот Huawei P20 ќе биде опремен со дисплеј со сооднос од 18:9. Во долниот дел ќе има скенер за отпечатоци. Трикратната главна камера ќе биде поставена хоризонтално.

Huawei P20 Plus ќе изгледа „помладо“ со тројна камера која ќе биде вертикална и префрлена во левиот агол.

Huawei P20 Pro ќе биде радикално различен од другите два модели. Овој модел на Huawei во многу нешта ќе потсетува на iPhone X, особено по исечокот на врвот. Прогнозите велат дека официјалната презентацијата на новиот предводник на Huawei ќе се одржи на MWC 2018 година.