Дизо е бренд во рамките на Realme TechLife екосистемот, а на 15 септември ќе претстави два носечки уреди. Dizo Watch 2 и Dizo Watch Pro ќе бидат малку поразлични од другите Realme паметни часовници и ќе се продаваат преку FlipCart, каде што веќе се наведени со спецификации.

Dizo Watch 2 ќе има 1,69-инчен квадратен дисплеј, за кој брендот вели дека е најголем во својот ценовен сегмент и ќе понуди искуство без преседан. Ќе има метална рамка и карактеристики што се очекуваат од овие уреди – спортски режим, отчукувањата на срцето и спиење, мерење на SpO2 и друго.

Dizo Watch Pro ќе има вграден двоен GPS и GLONASS позиционирање за подобри спортски режими. Часовникот, како и претходниот модел, ќе понуди 5ATM сертификат за водоотпорност и веќе споменатите карактеристики кои го следат здравјето и активностите на корисникот.